Тајната на успешниот брак

0
194
tajnata-na-uspesniot-brak

Во еден град брачен пар прославувал 25 годишница од брак.
Тие како пар, биле на далеку познати по тоа што во 25 години брак ниту еднаш не се скарале.
Новинари од Новински и ТВ – куќи пристигнувале од разни страни да проверат на лице место во што е тајната на „УСПЕШНИОТ БРАК“.
Уредникот на еден весник прашал:
-Господине, ќе Ве молам, кажете ни во што е тајната? Тоа е навистина неверојатно, како успеавте?
Човекот малку се наведнал нанапред и присеќајќи се на деновите поминати на меден месец, ја почнал приказната:
-После венчавката бевме во еден егзотичен град, таму имаше многу забавни содржини…. По кратко договарање со жена ми се одлучивме за јавање на расни коњи. Двјцата најмивме по еден коњ и почнавме да јаваме. Мојот коњ беше мирен и послушен, ама оној на кој јаваше мојата жена беше потполно луд. Наеднаш нејзиниот коњ се озјогуни и ја фрли жена ми од седлото долу на земјата!
Таа, потполно мирна, полека се исправи, го потапка коњот по сапите и тивко прозборе:
-„Ова тие прв пат“.
Го јавна повторно коњот и продолжи да јава. По кратко време коњот повторно се озјогуни и женами пак се најде на земја. Повторно стана и со смирен галс му се обрати на коњот:
– “Ова ти е вторпат“.
Јас само бев нем проматрач и неможев да се начудам на смиреноста на мојата жена. Кога коњот и по третпат ја исфрли од седлото, таа полека го извади магнумот кој и беше закачен за појасот и ладнокрвно го уби коњот на лице место!
Јас целиот запрепастен, и се раздрав на женами:
-Жено божја, па дали си ти нормална!!? Како можеше да го убиеш сиротото животинче?!
-Ова ти е првпат, смирено ми рече таа.
-Тоа би било одприлика тоа, по оваа случка секогаш сме среќни и се слагаме, заврши мажот со својата приказна.

Previous articleДобиено и изгубено
Next articleЖабата победник
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!