10 Фејсбук заповеди

0
91
10 fb zakoni

1. Нема да објавуваш или тагуваш пријатели во засрамувачки или инкриминирачки фотографии.

За ова се алманасите и слични работи на нив, кои се сместени на полиците и достапни на одбрани неколкумина, не на целиот интернет, пред сите потенцијални работодавци или идни партнери.

2. Нема да објавуваш фото или видео како твоите деца вежбаат користење нокшир.

Прво, грозно е, срамота е и понижувачки е за вашите деца. Второ, никому не му е гајле.

3. Нема да го користиш Фејсбук за комуницирање со “подобрата половина.”

Кажи му што имаш да му кажеш во живо, на телефон, на месинџер, или на меил. На никој друг не ми е гајле или има потреба да го следи вашиот разговор или драмата на вашата врска.

4. Нема бескрајно сам да се промовираш.

Линк до некоја вест или тв програма на која те имало е сосема во ред. Секојдневно потсетување дека тебе треба да те гласаме, за не знам какви настани, е нападно и напорно.

5. Нема да побараш некого за брак, нема да поканиш некого на состанок или нема да откачиш некого преку порака на ѕидот или твојот статус.

Што не им е јасно на овие луѓе?

6. Нема да му пратиш порака на некого со кого не си се видел преку 10 години

Не може да прашаш некого “како си” или “што има ново,” ако не си го видел од 1995-та. Од кај да почне? Од возачката, од тоа што завршил факултет или од тоа дека целосно му се променил животот од последниот пат кога си го контактирал.

7. Нема да ги демнеш бившите или новите љубови на твоите бивши.

Не само што е штетно за твојата благосостојба, туку e и малку психо. Едноставно не го прави тоа. Зачлени се во библиотека, оди да џогираш, прави нешто, што било, само не тоа.

8.Нема да го користам Фејсбук како дневник за мојата диета или вежбање.

Сериозно, никому не му е гајле дали сте изеле салата за вечера или сте истрчале 7 километри пред работа. Кого сакаш да воодушевиш? Плус, оди касни нешто.

9. Нема да им ги “расипуваш” ТВ сериите на другите со апдејти на статусот.

Не ни кажувај, сами ќе си видиме што се случило.

10. Ќе објавуваш јасни и нови фотографии од себе си.

Прво не е убаво да се лаже ако си се здебелил 30 кила. Второ, зошто мислиш дека луѓето од твојата младост ти стануваат пријатели? за да видат како си изгледал кога сте се дружеле? Не, за да те видат каков си сега.

Previous articleБизнисменот и ферарито
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!