Берберот и христијанинот

0
50
berberot i hristijaninot
Еден човек отишол во берберница како и секогаш, да биде истрижан и избричан. Започнал добар разговор помеѓу берберот и човекот. Зборувале за најразлични работи и теми. Наеднаш ја допреле темата за Бог. Берберот рекол:
„Види човече, јас не верувам дека Бог постои.”
„Зошто го велиш тоа?” – прашал клиентот.
„Па, премногу е лесно, само треба да излезеш надвор низ улиците и да сфатиш дека Бог не постои. О, кажи ми, ако Бог постоеше, дали ќе имаше толку болни луѓе? Дали ќе имаше толку изоставени деца? Ако Бог постоеше ќе немаше болка ниту страдања. Не можам да си помислам за Бог кој не љуби и ги дозволува сите овие работи.”
Клиентот запрел за момент размислувајќи, но не сакал да одговори со некои аргументи. Берберот ја завршил неговата работа и клиентот излегол од берберницата. Токму штом ја напуштил берберницата видел на улиците човел со долга коса и брада (изгледа поминало доста време откога последен си ја се стрижел косата и изгледал толку неуредно). Човекот повторно влегол во берберницата и му рекол на берберот: „Знаеш ли што? Берберите не постојат!”
„Како можеш да речеш дека не постојат?” прашал берберот.
„Еве, јас сум тука и сум бербер.”
„Не!” клиентот воскликнал.
„Тие не постојат бидејќи ако тие постоеја ќе немаше луѓе со долги коси и бради како тој човек што оди по улицата.”
„Ах, берберите постојат, но тоа што се случува е затоа што тие не доаѓаат кај мене.” „Точно така!” – потврдил клиентот.
„Тука лежи проблемот. Бог постои, но тоа што се случува е тоа што луѓето не одат кај Него и не го барат. Поради тоа има толку многу болка и страдања во светот.”

 

Previous articleСекој, Некој, Било кој и Никој
Next articleПријателство
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!