Бизнисменот и ферарито

0
44
biznismenot i ferarito

Следниов текст е вистинска приказна која се има случено во една банка во Њујорк. Прочитајте и видете како мудро работи мозокот на еден бизнисмен…

Влегува еден бизнисмен во банка во Њујорк и го бара службеникот одговорен за кредити. Му објаснува дека ќе оди на деловен пат во Европа две недели, и дека сака да земе кредит од $5.000 долари.

Службеникот му одговора дека за да ги подигне парите ќе треба да остави некаков вид на гаранција. Бизнисменот без да се двоуми ни минута, ги вади клучевите од своето ново црвено Ферари, кое што патем е паркирано на паркингот пред банката. Луѓето го проверуваат возилото, и банката се сложува да го издаде кредитот со оваа гаранција.

Откако заминал бизнисменот со парите, шефот на банката и вработените добро се насмеале, зошто бизнисменот го искористил своето ферари вредно $500.000 долари како гаранција за кредит од $5.000 долари. Откако биле средени сите документи, вработените од банката го ставиле возилото во подземната гаража на банката.

Две недели подоцна, доаѓа бизнисменот, го враќа кредитот, и плус плаќа камата од $15.41 долари.
Службеникот му се обратил на бизнисменот “Господине, многу сме среќни што соработувавме со вас, меѓутоа малку сме збунети. Додека бевте отсутни, Ве проверивме, и дознавме дека сте мултимилијардер. Не ни е јасно, зошто ви беше потребен кредит од $5.000 долари?”

Бизнисменот слатко се насмевнал и одговорил: “А каде на друго место во Њујорк ќе најдам паркинг за моето ферари вредно половина милион долари, за две недели и тоа за само $15.41 долари?!”

Previous articleТест за СИДА
Next article10 Фејсбук заповеди
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!