И дошол синот на мајка си и и рекол:
Мамо, денеска го фрлив ѓубрето – тоа чини 10 денари, понатаму- ја чував сестра ми и таа услуга ти ја наплаќам 50 денари, го наместив креветот што чини 20 денари и купив леб, а за тој напор ќе ти земам само 20 денари. Значи мамо, должна си ми 100 денари. Мајката, подголтнала и му платила на сина си.

Потоа седнала и напишала:
Те родив – 0 денари, те хранев – 0 денари, те пеглав и те перев – 0 денари, те школувам – 0 денари, не спиев кога беше болен – 0 денари, бескрајно те сакам – 0 денари. Се вкупно – нула денари.

Мајката, ливчето му го дала на синчето. Тој прочитал и со солзи во очите ја гушнал мајка си.