Господова воља

0
58
gospodova volja

Живеел и владеел со едно царство, владетел кој не бил неверник но не бил и којзнае колкав верник. Со него секогаш бил неговиот слуга. Неразделниот слуга имал навика за секоја случка да вели: „Тоа е Господова воља“ Со тоа мирно прифаќал се околу себе. Тоа на владетелот понекогаш и му сметало. Но слугата не зборувал многу. А тоа е добра особина. Затоа и бил одбран од владетелот.

Еднаш владетелот, се забавувал со нож за сечење дрва. Во тоа не бел многу вешт, па исекол дел од прстот. На левата рака. Почна да вика кога видел дека дел од прстот му виси на ноктот. Страшно зборувал. Сите околу него почнале да потскокнуваат. Некои, истрчале да му помогнат и да го утешат. Дошоил и неговиот верен слуга и му рекол: „Тоа е Господова воља!“ Владетелот и така бесен, уште повеќе се налутил. Наредил неговиот слуга да го однесат во темнина. Слугата тоа мирно го прифатил како Господова воља.

Утрината, владарот сам отишол на лов. Добро му било што со него не е неразделниот слуга. Не знаел колку е убаво да биде сам. Толку му било убаво, што занесен во убавината, налвегол длабоко во шумата. И тоа му се допаднало. Продолжил уште подлабоко. Тогаш пред него се појавиле чудни луѓе. Го фатиле, го заврзале и го однесле во својот град.

Го врзале за едно дрво. Владетелот сфатил дека паднал во рацете на невернички народ. Тогаш разбрал дека утре им е празник кога принесуваат жртва на нивниот Бог. И дека жртвуваат човек.

Владетелот таа ноќ поминал во најтешки исчекувања. Утрото го одврзале и му ја соблекле облеката. Се намачил и тој додека го соблекувале. На крајот и ракавниците, десната па левата. На левата рака го виделе завојот. Нестрпливи да видат што има под завојот веднаш го одмотале од неговиот прст. Тогаш виделе дека му фали дел од прстот.

Дивјаците се растрчале во потрага по нова жртва. Владетот останал сам одврзан. Ослободен. Подобро од кога и да е и тој видел дека тоа е навистина Господова воља. Тоа го потсети на неговиот неразделен слуга. А слугата во затвор. Брзо облекол нешто од расфрлените владарски алишта. Па низ шумата трчал колку што може побрзо. И дошол во својот дворец. Веднаш наредил слугата да се пушти од затворот.

-Извадете го и колку што е тежок дајте му злато!
Верниот слуга тоа го одби. И рече дека е веќе награден.
-Како? – се зачуди владетелот.
-Со затвор.
-Како?!
-Затоа што се е Господова воља.
-Како?! Викаше владетелот.
-Да не завршев во темница, тие неверници нема да бараа друга жртва. Тие и мене, кој никогаш не се оделував од тебе, ќе ме фатеа и денес ќе ме жртвуваа…

Previous articleАјнштајн и здравиот разум
Next articleСмртта и слугата
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!