Избор на совршениот маж

0
58
izbor na maz

Неодамна се отвориени продавници специјализирани за мажи во кои жените можат да си изберат соодветен партнер. На влезот има пано на кое има детелно упатство за изборот: Имате само 1 избор. На 6 спрата се распоредени мажи кои на секој спрат се се` попривлечни. Или бирате маж на спратот на кој се наоѓате или одете на следниот спрат. Не смеете да се вратите на претходниот спрат.

Привлечна дама влегува внатре со желба да си пронајде партнер.

На првиот спрат стои: Овие мажи имаат обезбедено работно место.

На вториот спрат стои натпис: Имаат обезбедео работно место и сакаат деца.

На третиот спрат: Имаат обезбедено работно место, сакаат деца и добро изгледаат.

„Леле!“ помислила жената, но решила да оди понатаму.

Се качува на четвртиот спрат: Имаат обезбедено работно место, сакаат деца, изгледаат одлично и помагаат по дома.

„О, Боже, како да одолеам“, но сепак продолжила понатаму.

На петтиот спрат стои натпис: Имаат обезбедено работно место, сакаат деца, изгледаат одлично, помагаат по дома и се родени романтичари.

Скоро и да се одлучи да остане, но сепак љубопитно оди на шестиот спрат.

На паното на шестиот спрат стои: Вие сте 31,432,323-та жена која не посетила. Тука не постојат мажи бидејќи овој спрат служи за да ви покажеме на вас жените колку е невозможно да ве задоволиме.

Ви благодариме на интересот и посетата. Догледање!

Previous articleТаткото и изгубениот син
Next articleТест за СИДА
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!