Машко-женски односи

0
21
mazot i zenata

Jaс, всушност, никогаш не сфатив зошто сексуалните потреби на жените и мажите толку се разликуваат. И никогаш не го сфатив трипот со Венера и Марс. Исто така, никогаш не сфатив зошто машките размислуваат со мозокот, а жените со срцето…

На пример: една вечер, минатата недела, жена ми и јас бевме во кревет. Страстите почнаа да се разгоруваат, кога таа ми кажа:
„Не можам сега, не сум расположена... Сакам само малку да ме држиш во прегратки.“
Реков „Што?! Што е па сега ова?“
И тогаш ги изговори зборовите од кои се плаши секој маж на планетава:
„Ти едноставно не ги разбираш моите емоционални потреби кои ги имам како жена, за да ги задоволам твоите физички потреби кои ги имаш како маж.“ На мојот збунет поглед таа одговори:
„Зарем не можеш да ме сакаш поради тоа што сум, а не само поради тоа што го правам со тебе во кревет?“

Сфаќајќи дека таа вечер нема да има ништо, се свртев и заспав.

Следниот ден му се јавив на шефот и му кажав дека земам слободен ден, за да поминам време со неа. Отидовме на ручек, а тогаш ја однесов во една стоковна куќа со огромен оддел за женска гардероба. Ја следев наоколу додека испробуваше неколку скапи комплети. Не можеше да се одлучи кој да го земе, па и реков дека ќе ги купиме сите. Сакаше и чевли кои би оделе со тие комплети, па и реков да земе по еден пар за секој комплет. Стигнавме и до одделот со накит каде што и зедов пар дијамантски обетки.

Да ви кажам, беше тооолку возбудена!

Сигурно мислеше дека сум на чекор до целосен банкрот. Помислив дека ме тестира кога побара и потници за тенис, иако никогаш во животот не фатила рекет во раце. Сигурно ја замислив кога и реков „Се разбира, драга…“

Беше речиси блиску до сексуално задоволство од толку возбудување. Смешкајќи се, конечно рече:
„Mислам дека ова би било се, да одиме кон касата“
Едвај се воздржував пред да и одговорам:
„Не можам сега, не сум расположен.“
Лицето и стана бледо кога ја спушти вилицата и изусти:
„ШТО?!“
Тогаш и реков:
„Само сакав да ги ДРЖИШ овие работи во прегратки некое време… Ти едноставно не ги разбираш моите финансиски проблеми кои ги имам како маж, за да ја задоволам твојата желба за купување како жена.“
И баш кога го имаше тој поглед како да сака да ме убие, додадов:
„Зарем не можеш да ме сакаш поради тоа што сум, а не само поради работите кои ти ги купувам?“

Очигледно, ни вечерва нема да има ништо.

Previous articleЖабата победник
Next articleМајка
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!