Најпаметниот тинејџер на светот

0
62
najpametniot-tinejdzer
Еден убав сончев ден четворица луѓе летале со мал авион за четири лица: пилот, свештеник и двајца тинејџери, а токму еден од двајцата штотуку ја освоил наградата за најпаметен тинејџер на светот. Додека летале пилотот се завртил спрема тројцата патници и им рекол: Имам лоша вест а имам и уште полоша вест. Лоша вест е дека ни снема гориво. Авионот ќе почне да паѓа и ќе се срушиме. А уште полошата вест е дека во авионот имаме само три падобрани. Ова секако би значело, дека некој ќе мора да се сруши заедно со авионот.

Пилотот продолжил: Јас дома имам жена и три деца. Имам многу обврски. Жал ми е но јас ќе морам да земам еден од падобраните. Со тие зборови, го грабнал еден од падобраните и скокнал од авионот. Најпаметниот тинејџер на светот бил следниот кој проговорил:Можеби токму јас ќе бидам тој кој ќе пронајде лек против ракот или сидата, а можеби ќе ги решам и светските економски проблеми. Целиот свет смета на мене! Најпаметниот тинејџер го зграбил вториот падобран и скокнал. Тогаш проговорил свештеникот и рекол: Синко, земи го ти последниот падобран. Јас се помирив со Бога и одлучив да се срушам заедно со авионот. Земи го последниот падобран и скокај. Опуштете се свештениче, рекол другиот тинејџер. Најпаметниот тинејџер на светот штотуку скокна од авионот со мојата вреќа за спиење.

*******************************

ПОУКА:Многу деца мислат дека се прилично паметни. Но во стварноста, тие се слични на најпаметниот тинејџер на светот. Скокаат во светот без падобран. Мислат дека знаат се што им е потребно за да би живееле еден среќени исполнет живот се додека не се струполат. Единственото нешто што го имаат тие е само-вреќа за спиење. Единствениот падобран кој на крајот може да ги спаси е Евангелието. Сите други начини се погрешни и водат кон смрт. Исус рекол ЈАС СУМ патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот освен преку Мене. Многу паметни деца не научиле како да донесуваат мудри одлуки. Тие се однесуваат импулсивно без размислување. Резултатот е понекогаш ист како и оној кој се случил со најпаметниот тинејџер на светот- смрт.

 

Previous articleСмртта и слугата
Next articleПоинакво размислување
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!