Орелот

0
76
orelot

Си бил еден орел. Сите од нејзиниот вид изумреле заради некоја причина. Се што и останало било нејзиното јајце, и тоа јајце било надеж нејзиниот вид да преживее. Таа летала секој ден со километри, се обидувала да донесе повеќе слама за јајцето да биде топло. Еден ден, од јајцето излегло младо, здраво орле. Мајката тогаш не само што носела повеќе слама, туку и храна, и за неа и за младото орле. Нејзиниот живот бил ужасно напорен.

Еден ден, летајќи, и се смачило веќе од целата таа работа. Почувствувала дека води загубена битка. Така на сред лет се откажала, ги свиткала крилјата и тргнала да паѓа надолу. Паднала со силен тресок и веднаш умрела. Орлето, бидејќи немал кој веќе да го храни, умрело.

И така Америка ја изгуби својата национална птица.

****************************

Поука: Ако сакате да се откажете од нешто, тоа е во ред, ваш живот, ваша одлука. Само не заборавајте дека честопати вашата одлука влијае на други многу повеќе отколку што влијае на вас.

Previous articleПоинакво размислување
Next articleСекој, Некој, Било кој и Никој
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!