Основни принципи нa животот

0
58
osnovni-principi-na-zivotot
  • Пружи им на луѓето повеќе отколку што очекуваат, и прави го тоа со волја.
  • Научи ги напамет стиховите кои ги сакаш.
  • Не верувај во се што ќе слушнеш.
  • Не го троши времето на спиење.
  • Кога ќе кажеш некому дека го љубиш, кажи го тоа бидејќи така се чувствуваш…и дека е вистина.
  • Кога ќе кажеш “жал ми е“, “извини“, “прости ми“, гледај ја особата во очи.
  • Биди најмалку верен/на шест месеци пред да се венчаш.
  • Верувај во љубов на прв поглед. 
  • Не ги исмејувај туѓите сонови.
  • Љуби длабоко и страсно. Можеш да бидеш повреден, но тоа е единствениот начин да живееме комплетен живот. Ако не се сложуваш, сепак биди лојален.
  • Не осудувај никого поради неговите роднини.
  • Зборувај полека, мисли брзо.
  • Не навредувај.
  • Ако те праша некој нешто, а ти не сакаш да одговориш, прашај го со насмевка: “Зошто тоа те интересира?“
  • Јави и се на мајка ти.
  • Кажи “на здравје“ кога некој ќе кивне.
  • Не заборавај на три работи: Почитувај се себеси. Почитувај ги другите. Одговорен си за се што правиш.
  • Не дозволувај да еден мал неспоразум расипе големо пријателство.
  • Кога ќе приметиш дека си погрешил, исправи го тоа брзо.
  • Одговарај на телефон со насмевка. Оној кој ти јавува сака да слушне дека се смееш.
  • Стапи во брак со особа која сака да разговара. Во староста разговорот ќе ви биде поважен од било што друго.
  • Не биди потполно сам.
  • Молчењето е понекогаш најдобар одговор.
  • Читај повеќе книги и гледај помалку телевизија.
  • Живеј добар и достоен живот. Покасно во староста ќе можеш да уживаш во сеќавањата.
  • Верувај во Бог, но заклучувај си го автомобилот.
  • Важно е атмосферата во домот да биде исполнета со љубов.
  • Секогаш створај мир и хармонија во својата околина.
  • Ако си во неспоразум со партнерот, посматрај ја ситуацијата каква е сега, а не како била некогаш.
  • Читај помеѓу редови.
  • Подели го со другите она што го знаеш. Така се прави бесмртност.
  • Биди грижлив кон нашата Планета.
  • Никогаш не го прекинувај некого кој заправо пробува да ти ја докаже својата доверливост.
  • Не биди премногу радознал.
  • Не и верувај никогаш на особата која не мижи додека ја бакнуваш.
  • Еднаш годишно патувај некаде каде што не си бил.
Previous articleПатот на пеперутката
Next articleСтапалки во песокот
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!