Песот, леопардот и мајмунот

0
25
pesot leopardot i majmunot

Стариот овчарски пес бркал зајаци во шумата се додека не заглавил длабоко во истата и тогаш сфатил дека се изгубил…. Кога погледнал од околу видел еден куп коски и тогаш слушнал чекори на диво животно…. тоа бил леопард кој полека му се приближувал…

– Што ке правам сега – си помислил во себе… тогаш брзо земал една коска од тие до него и почнал да зборува знаејќи дека леопардот го слуша:
– Баш е вкусен овој леопард, камо ли да можам да најдам уште некој….
Кога леопардот го слушнал ова се повлекол во шумата… преплашен секако…. Меѓутоа, сето ова го гледал некој мајмун на дрво, кој решил да го накодоши кучето на леопардот, па побрзал да го стигне леопардот и да му каже се…. кога кучето го видел мајмунот како брзо скока од гранка на гранка ја насетил неговата намера и побрзал да го следи… го видел како му ја објаснува на леопардот целата ситуација… и тргнал да му се освети кучето, кога го видел леопардот како се врака назад само седел и го слушал секој негов чекор….
Кога му се приближил доволно за да може да го чуе, стариот пес рекол:
– Па каде ли е тој мајмун веќе еднаш, уште пред еден час го пратив да ми го донесе леопардот и уште го нема…..

Заклучок: Не се закачувај со стари кучиња, знаењето и мудроста се стекнуваат со текот на годините….

Заклучок #2: Што и да направите, секогаш ќе се најде некој мајмун во околината кој ќе сака да ве накодоши..

Previous articleГлушецот и опасноста
Next articleУбавината на жената
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!