Поинакво размислување

0
52
poinakvo-razmisluvanje

Еден млад студент на еден факултет тргнал во прошетка со својот професор. Додека шетале и разговарале виделе поред патот неколку пара на стари чевли кои очигледно припаѓале на некој сиромашен селанец кој во близината работел на полето.
Студентот му рекол на професорот: ”Ајде да се пошегуваме со селанецот; ќе му ги сокриеме чевлите, а потоа ќе се сокриеме позади грмушките и ке ја посматраме неговата реакција кога ке дојде да ги земе.”
Професорот му одговорил: ”Момче никогаш не се шегувај на сметка на туѓа невоља или сиромаштво. Бидејќи си богат, можеш да си дозволиш поголемо задоволство од овој сиромав. Стави златна паричка во неговите чевли, а потоа ќе се сокриеме и ке ја посматраме неговата реакција..
”Студентот се сложил и така направиле. Ставил златна паричка и се сокриле во најблиската грмушка. Кога селанецот ја завршил својата работа дошол да си ги земе чевлите и палтото. Додека го облекувал палтото, ја ставил една нога во чевелот и приметил дека има нешто внатре во чевелот. Прво помислил дека е некое каменче, но сепак потоа видел дека тоа е златна паричка. Бил изненаден, погледнал во златната паричка и околу себе. Се вртел наоколу да види дали има некој, но не видел никого. Ја ставил златната паричка во својот џеп и почнал да го обува и другиот чевел.
На негово изненадување и во дргиот чевел пронашол златана паричка. Одеднаш почнале да го опфаќаат чуствата.
Клекнал на колена, ја кренал главата кон небото и силно почнал да се моли на Бога во знак на благодарност. Во молитвата тој почнал да спомнува за неговата болна и беспомошна жена, за неговите гладни деца кои биле без леб, и се заблагодарил за невидливата рака која му испратила пари. Благодарејки на тие пари тие ќе бидат спасени.
Студентот останал без зборови, неговите очи се наполниле солзи. Потоа професорот го запрашал: ”Дали би бил посреќен кога би се нашалил со овој селанец, отколку сега?” Студентот му одговорил: ”Ме научивте една лекција која никогаш нема да ја заборавам.
Сега навистина ги разбирам овие зборови што порано не ги разбирав! ”Повеќе е благословен оној кој дарува, отколку оној што прима!”

Previous articleНајпаметниот тинејџер на светот
Next articleОрелот
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!