Помеѓу животот и смртта

0
142
pomegu-zivotot-i-smrtta

Некој човек паднал во длабок бунар. За среќа, едно растение било израснато во зидот на тој бунар, па човекот додека паѓал, со рацете некако успеал да се зафати за тоа растение. После почетниот шок, почнал да разгледува долу и горе.

Она што го видел било доволно за да го запрепасти: огромна змија го чекала на дното од бунарот. Во очај, одлучил да остане каде што е и да не се помрднува. Но, тогаш, на свој ужас, здогледал два глувци – едниот црн , другиот бел – како го гризат коренот од растението за кое се држел. Ја изгубил целата надеж.

Тогаш погледнал горе и срцето повторно му се исполнило со надеж. Не бил многу оддалечен од влезот на бунарот, само еден мал напор би му овозможил да се искачи на сигурно.

Тогаш приметил саќе со мед на растението за кое се држел. Потполно заборавајќи на состојбата во која се наоѓа, почнал да јаде од медот. Секако, тоа на пчелите не им се допаднало па го нападнале. Недолго потоа, глувците успеале да го пресечат растението и човекот паднал право кај змијата.


ПОУКА:

Ние сме тој човек; Овој свет е бунарот; растението на неговиот зид е нашиот живот; кого го нагризуваат денот и ноќта – белиот и црниот глушец; Смртта е змијата која што нас не чека.

Медот ги симболизира угодностите на овој живот, околу кои спориме и се расправаме со другите луѓе – пчелите, кои нас не “ каснуваат “. Она што нашата “невоља “ ја прави потрагична е фактот дека спасот никогаш не е предалеку.

Кога би вложиле само малку напор во нашиот животен пат, лесно би ја дофатиле сигурноста која што е овозможена со Божјата љубов.

Лесно можеме да му се приближиме на Драгиот Бог и да бидеме сигурни засекогаш. Или, од друга страна, смртта дословно ќе ни го згасне животот.

Изборот е наш!

Previous articleМомчето со лош карактер
Next articleТаткото и 5 годишниот син
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!