Потребна ми си!

0
61
potrebna-mi-si

Тој беше храбар човек, со јак глас и одлучни чекори. Таа беше нежна и чувствителна. Се зедоа. Тој се трудеше на неа ништо да не и фали, а таа ја пазеше куќата и ги одгледуваше децата. Децата пораснаа, се омажија и оженија, тргнаа по свој животен пат… вообичаена приказна.
Кога сите деца беа добро згрижени, жената ја фати некоја тага, се повеќе слабееше и пропаѓаше. Кога веќе и не се хранеше, падна во постела. Нејзиниот маж беше загрижен и ја однесе во болница. Околу неа се трудеа лекари и специјалисти, но неможеја да ја најдат причината за болеста. На крајот еден од лекарите го викна мажот и му рече:
“Јас би рекол… дека вашата сопруга… едноставно веќе нема волја за живот”
Човекот ништо не одговори. Седна покрај креветот и ја фати жената за рака… нејзината рака се изгуби во неговата голема дланка. Ја погледна и со длабок одлучен глас рече:
„Ти нема да умреш!„
„Зошто мислиш така?„ – го запраша таа со тивок глас.
„Затоа што си ми потребна!„
„А зошто тоа до сега не си ми го рекол?„
Од тој ден на жената и е се подобро. Лекарите се прашуваа од која болест боледувала и со какви лекови се излечила.
Никогаш не дознаа…

Немој никогаш да чекаш утре да му кажеш на некого дека го сакаш. Речи му го тоа одма. Земи го телефонот и речи: “Јас сум, сакам само да ти кажам дека те сакам!”
Дали вие некогаш би се умориле слушајќи ја љубената личност како ви кажува дека ве сака?

Previous articleСтапалки во песокот
Next articleМомчето со лош карактер
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!