Пријателство

0
38
prijatelstvo

Две деца уште како мали се заветиле на доживотно пријателство. Пораснале. Започнала војна. Двајцата пријатели биле регрутирани во иста единица. Во разгорот на една битка се случило да се разделат. Едниот успеал да се засолни во еден бункер, додека другиот останал изложен на отворен оган. Набргу бил погоден. Пријателот во бункерот побарал дозвола од офицерот да отиде по пријателот и да го извлече, но неговото барање било одбиено. Тоа би значело вистинско самоубиство. Во погоден миг, кога офицерот бил свртен со грб, војникот истрчал кон пријателот. Успеал да стигне до него и да го довлечка до бункерот. Пријателот веќе бил мртов, а и самиот тој бил неколкупати смртно погоден. Офицерот гневно викнал кон војникот што лежел до мртвото тело, очекувајќи ја смртта: „Какво лудило! Тој е мртов и ти ќе бидеш наскоро. Твојата постапка немаше никаква смисла. Со последните сили војникот одговорил:
„О, не. Имаше смисла. Кога дојдов до него, неговите последни зборови беа: Знаев дека ќе дојдеш, пријателе мој’“.

Ако сакаш да имаш пријател, самиот треба да бидеш пријател.

„Во понизност сметајте се еден друг за поголем од себеси! Не гледајте само на своите лични интереси, туку и на интересите на другите. Имајте такви мисли во себе, какви што ги имаше и Исус Христос: Кој, иако беше во ликот Божји, не го сметаше како нешто приграбено – тоа што е еднаков со Бог, туку се лиши Самиот Себеси, земајќи лик на слуга, станувајќи сличен со луѓето. И откако стана сличен на човек, Тој се понизи Самиот Себеси и стана послушен до смрт, дури до смрт на крст.“

Најтоплиот збор во човечкиот речник е зборот „пријателство“. Најстудениот е „самотијата“.

Previous articleБерберот и христијанинот
Next articleСлучката во возот
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!