Приказна за еден Божиќ на улицата Синсинати

0
51
prikazna-za-eden-bozik-na-ulicata-sinsinati

(напишана од Норман Винсент Пил)

Моите најбурни детски денови ги поминував во Синсинати, Охајо. Сеуште се сеќавам на големата Божиќна елка на плоштадот покрај фонтаната, целата осветлена од малите светилки и на замрзнатите улици на кои одекнуваа Божиќни песни. Некаде погоре, каде живееше нашето семејство на источната улица Слобода, мајка ми и татко ми секогаш поставуваа природна елка со вистински свеќички кои делуваа како волшебни и заедно со елката ширеа еден незаборавен мирис што потсетуваше на природен шумски амбиент.

Една Божиќна вечер, кога имав 12 години заедно со татко ми, кој беше свештеник, тргнавме во малку задоцнето Божиќно пазарување. Рацете ни беа полни со пакети, а јас веќе бев изморен и по малку нервозен.

Со мислите веќе бев дома, кога ми пријде еден питач, неизбричен и нечист старец со темни очи. Ме допре по рамото со рака што наликуваше на канџа и побара пари.
Ми беше толку одбивен што инстинктивно се тргнав од него. Но, татко ми, со својот топол глас, ми рече:

Норман, ова е Божиќна ноќ. Немој да бидеш толку груб со луѓето. Не го разбрав и одговорив: Тато, па тој е само еден обичен скитник. Тогаш татко ми одговори со цврст глас:

Можеби не успеал да постигне нешто повеќе во животот, но сепак и тој е Божјо чедо.

Потоа ми даде еден долар (голема сума во тоа време, а особено за приходите на еден свештеник) и ми рече:

Сакам да ги земеш парите и да му ги дадеш на човекот. Однесувај се со почит кон него. Кажи му дека му ги даваш во име на Бога.

Јас се спротивставив и реков дека не можам да го направам тоа, но гласот на татко ми беше цврст: Оди и постапи како што ти реков.

Го земав доларот и спротивно на мојата волја, потрчав кон старецот и му реков: Извинете господине, ви ги давам овие пари во името на Бога.

Тој се зачуди и погледна во доларот а потоа и во мене.
Низ лицето му се рашири мила насмевка, полна со живост и ведрина, што заборавив колку е нечист и неизбричен.Заборавив дека е стар и дека до пред малку ми бесе одбивен. Со еден кралски потег ја симна сапката и љубезно ми се обрати: Јас ви благодарам млад господине, во името на Бога.

Сета моја нервоза и мрзеливост ги снема во тој момент.
Улиците, куќите, светлата, сето тоа како да исчезна околу мене. Станав дел од чудото кое продолжив да го сретнувам низ животот, а тоа се промените што се случуваат кога ќе ги погледнете луѓето како Божји деца, кога ке им подарите љубов во името на Бебето, кое беше родено пред две илјади години во шталата во Витлеем, во името на Личноста која живее и ден денес во нас и околу нас, постојано обелоденувајки го Своето присуство.

Previous articleСлучката во возот
Next articleГлушецот и опасноста
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!