Професорот и Арапорт

0
45
profesorot-i-arapot

Еден патник раскажува: „Мои сопатници беа еден професор, кој беше неверник, и еден водач – Арап. Арапот често се молеше на Бога. Тоа го дразнеше професорот. Еднаш тој го праша Арапот:

– Дали ти си Го видел Бога?

– Не! – бил одговорот. 

– Си го слушнал ли Неговиот глас, си зборувал ли со Него?

– Не, никогаш!

– Како тогаш можеш да бидеш толку глупав, та да веруваш во постоењето на Бога штом никогаш не си Го видел и не си Го слушнал?

Арапот ништо не одговорил. Следното утро професорот излегол од својот шатор, и откако разгледал наоколу, рекол:

Ноќва кај мојот шатор доаѓала камила.

– А ти ја виде ли? – прашал Арапот.

– Не! – одговорил професорот.

– Можеби го слушна нејзиниот глас?

– Не, не го слушнав!

– Како можеш да зборуваш дека таа била овде?

– Зар не ги гледаш трагите од камилските стапки врз песокот? Или си мислиш дека тие траги изникнале сами од себе? – рекол возбудено професорот.

– Не, јас тоа не го мислам; но јас, исто така, ги гледам трагите на божествената сила и слава на тој свет – рекол Арапот, покажувајќи со рака на Сонцето што изгревало, или си мислиш дека Сонцето изникнало само од себе?

Сега професорот молчел.

Previous articleНовопечениот младоженец
Next articleБизнисменот и Мексиканците
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!