Еден професор стоел пред група студенти на час по филозофија и држел некои предмети пред себе. Кога започнал часот, без зборови подигнал голема, стаклена, празна тегла која најчесто ја користиме за зимница и ја наполнил со топчиња за тенис. Потоа ги запрашал студентите, дали оваа стаклена тегла е полна? Сите одговориле потврдно.

Потоа професорот земал кутија со каменчиња и ја истурил во теглата. Благо ја занишал. Каменчињата го исполниле празниот простор помеѓу тениските топчиња. Тогаш повторно ги прашал студентите, дали теглата сега е полна? Студентите одговориле со едно големо ДА.

Следната кутија која што ја земал професорот била полна со песок. Кога ги сипал песокот, тој секако ги исполнил сите празнини во теглата. Запрашал по трет пат, дали сега е полна теглата, каде тие повторно потврдно му одговориле. Тогаш професорот од под маса извадил две чаши со кафе и ги полил во теглата. Со кафето се натопил песокот. Студентите се смееле.

Сега, рекол професорот, додека се смеете, сакам да сфатите дека оваа стаклена тегла го претставува вашиот живот. Тениските топчиња се битните работи во животот: верата, фамилијата, децата, здравјето и други работи што многу ви значат. Тоа се оние работи кои го исполнуваат вашиот живот и доколку се друго би снемало.

Каменчињата се вторите работи кои се важни: работата, куќата… Песокот преставува останатите работи, претежно малите нешта. Доколку ја наполните теглата само со песок, нема да има место за камчињата и тениските топчиња. Истото важи и во животот. Доколку го потрошите времето и енергијата на малите работи, никогаш нема да имате место за оние – битни работи.

Водете грижа за работите кои се клучни за вашата среќа. Играјте си со децата. Најдете време да посетите доктор. Изведете го партнерот на вечера. Однесувајте се како да имате 18 години. Секогаш ќе имате време да ја исчистите куќата или измиете колата. Прво погрижете се за тениските топчиња, а потоа следете ги приоритетите клучни за вашата лична среќа.

Една студентка дигнала рака и го прашала професорот – а што е со кафето? Тој се насмевнал и одговорил:

“Драго ми е што го прашавте ова. Кафето значи дека колку и да мислите дека вашиот живот е исполнет и дека немате време, секогаш има простор за едно кафе со вашите пријатели”.