Случката во возот

0
41
sluckata vo vozot

Беше прекрасен октомвриски ден на 1890 г. Во едно купе на брзиот воз Лион – Париз седеа двајца души: еден белобрад старец на околу 65 години и еден 25 годишен млад човек. Меѓу двајцата започна разговор. Младиот човек Гастон Леру раскажа дека pasterзавршил природни науки и сега патува за Париз на специјализација во инстиутот на познатиот професор Луи Пастер. Кога го слушна тоа, очите на старецот светнаа и тој рече на младиот човек: „Се радувам за вас учељубив господине. Науката која сте ја избрале за ваша струка, е повеќе од интересна. Таа ќе ви достави многу случаи да се уверите во чудната премудрост на Создателот. Вие сигурно сте религиозен човек, нели?” Непријатно изненаден, младиот човек си помислил дека соговорникот му е некој неписмен човек од старата генерација и со присмив одговорил: „Религиозен? Не! Мислам дека науката си ја врши работата и без Бога. Јас кој завршив високо образование, никогаш досега сум немал потреба од религија”.

Старецот не очекуваше таков одговор, но додаде спокојно: „О, за себе си вие сте прав. И не се малку интелектуалците како вас, кои го мислат истото. Но науката, драги господине, науката, чистата, вистинската наука …” „Жалам – го прекина нељубезно младиот човек – но не се согласувам со вас. Како што изгледа , зборите за наука која веќе не постои, којашто веќе одамна си ја испеала песната. Денешната наука е друга. Денеска ние буквално летаме напред, без да имаме никаква потреба од Бог или слични предрасуди”.

И како што запали цигара, самозадоволен се потпре на седиштето. Старецот разбра дека е безполезно да разговара со овој млад учен, воздивна, си изади од чантата мала библија, ја отвори, се помоли и се задлабочи во читање… Времето леташе. Младиот човек испуши доста цигари, а старецот прочита доста страници од Светата Книга. Скоро возот запре на станицата во Париз. Додека младиот човек се занимаваше околу своите куферите, старецот му ја подаде визитната картичка и љубезно му рече: „ Кога ќе се сте веќе во Институтот, драги господине, јавете ми се. И покрај разликата во нашите гледишта, можеби ќе ви бидам со нешто полезен”. И исчезна среде гужвата. Младиот човек еден фрли несериозен поглед на визитната картичка и со многу големо изненадување прочита: Професор Луи Пастер. Дури тогаш тој се потсети, дека тоа лице навистина му беше познато. Изнервиран од непочитувачкото држење кон својот иден професор, тој беше и силно потресен од фактот дека овој светски познат учен, вистински лидер во науката, беше длабок верник во Бога…”

Previous articleПријателство
Next articleПриказна за еден Божиќ на улицата Синсинати
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!