Смртта и слугата

0
28
smrrta-i-slugata

Си бил еден трговец од Багдад и еден ден го испратил својот слуга да оди на пазар и да купи некои работи.

По некое време, слугата се вратил задишан и исплашен и му рекол на трговецот:
” Господару, на пазарот ме турна една жена, а кога ја погледнав тоа не беше жена туку Смртта. Ме погледна во очи и ме препозна. Ми рече: Ти си мој!

Те молам дај ми еден од твоите најбрзи коњи да не ме фати Смртта. Ќе отидам во Самара и ќе се скријам , таму нема да може да ме најде. Твоите коњи се брзи, па ако тргнам сега, до вечер сум во Самара!”

Господарот многу го сакал својот слуга и му го дал својот најбрз коњ од чистокрвно арапско потекло и слугата одјавал со него накај Самара.

Трговецот отишол сам на пазарот и ја видел Смртта. Ја препознал и кога ја видел ја прашал:

“Дали навистина сакаше да му го земеш животот на мојот слуга денес на пазарот? Тој беше многу исплашен!”
Смртта изненадено го погледнала и одговорила:

” Не сакав да го исплашам воопшто. Јас всушност се изненадив кога го видов утрово на пазарот во Багдад.

Ние треба да имаме состанок со него вечерва во Самара.”

Previous articleГосподова воља
Next articleНајпаметниот тинејџер на светот
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!