Стапалки во песокот

0
60
stapalki-vo-pesokot

Една ноќ еден човек имал сон. Сонувал дека оди низ плажа заедно до Господ.

На небото секавично се прикажувале сцени од неговиот живот. На секој кадар тој заблежувал два пара стапалки во песокот: едниот пар му припаѓал нему, а другиот на Господ. 

Кога последната сцена од неговиот живот се појавила пред него, тој се загледал во стапалките во песокот.

Тој забележал дека повеќе пати за време од неговиот животен пат, имало само еден пар стапалки.

И забележал дека тоа е така во најтешките и најтажните времиња од неговиот живот.

Ова навистина го вознемирило и тој Го запрашал Господ:

“ГОСПОДИ, Ти рече дека дека откога ќе решам да те следам, ти цел пат ќе бидеш со мене.
Но јас забележав дека за време на најголемите тешкотии во мојот живот, има само еден пар стапалки.
Не разбирам зошто кога најмногу ми требаше, Ти ме напушти.”

ГОСПОД одговори:

“Сине Мој, мое бесценето дете,
Јас те сакам и никогаш нема да те напуштам.
За време на твоите искушенија и страдања,
каде што гледаш дека има само еден пар стапалки,
знај дека Јас тогаш те носев тебе.”

Previous articleОсновни принципи нa животот
Next articleПотребна ми си!
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!