Старецот и селото

0
108
starecot i seloto

Во едно село дошол еден странец кој сакал тука да живее. По патот сретнал еден старец и го прашал какви се тука луѓето. Старецот му одговорил со прашањето:
„А какви беа луѓето таму од каде што доаѓаш?„
„Лоши“ – одговори странецот. „Сите беа пакосни и кавгаџии.„
„Продолжи понатака пријателе, и овде се такви луѓето.„ – му одговори старецот.
После извесно време во селото се појавил друг странец. И тој сакал тука да се насели. И нему старецот му го поставил истото прашање, а странецот одговорил:
„Добри беа луѓето, убаво се сложувавме, но јас одлучив малку да ја променам средината.„
„И овде се добри луѓето„ – му одговори старецот. „Слободно насели се овде,ќе ти биде убаво.„

***********************

Ако сакаме да ги промениме работите околу себе,треба прво да почнеме од нас самите.

Previous articleУбавината на жената
Next articleТаткото и изгубениот син
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!