Таткото и 5 годишниот син

0
26
tatkoto-sinot

Еден човек се враќа дома од работа, доцна, уморен и нервозен, и го наоѓа својот петгодишен СИН како го чека на врата.

СИНОТ: Тато, смеам ли нешто да те прашам?’

ТАТКОТО: Да, секако, кажи што е?

СИНОТ: Тато, колку заработуваш за еден час?

ТАТКОТО: Тоа да не те интересира. Зошто ме прашуваш? -рече со гнев.

СИНОТ: Само сакав да знам. Те молам, кажи ми, колку заработуваш за еден час?

ТАТКОТО: Ако навистина сакаш да знаеш, заработувам $50 за еден час.

СИНОТ: Ох, (детето одговара со спуштена глава.)

СИНОТ: Тато, те молам, ќе мозеш ли да ми позајмиш $25?’

Таткото збесна “Ако единствената причина поради која бараш да ти позајмам 25 долари е да купиш некаква играчка или слична глупост, тогаш веднаш да си одиш во собата и да размислиш зошто си толку себичен. Па не работам јас секој ден за твоите детинарии!”

Детето тивко се повлече во собата и ја затвори вратата.
Човекот седнал, овој пат уште повеке збеснат заради прашањето на детето… “Како се осмелува да поставува такви прашања само за да добие пари?”
По околу еден час, малку се смирил па си рекол:

Можеби навистина му се потребни тие 25 долари… моето дете ретко бара пари…
Па се упатил во собата на синот и ја отворил вратата.
“Спиеш ли сине?” – го праша.

“Не, тато, буден сум” – одговори детето.

“Знаеш, размислував… можеби пред малку бев престрог. Имав тежок ден и се истурив на тебе. Еве ти 25 долари како што ми побара.”
Детето се исправи во постелата, насмевнувајќи се. “Ох, ти благодарам, тато!” – извика. Потоа, посегна под перницата и извади едно купче стуткани банкноти.
Кога таткото виде дека детето има други пари, повторно почна да се лути и гневи во себе.

Детето полека си ги изброја своите пари и го погледна татка си.
“Зошто бараше уште пари, кога веќе имаш?” – пламна таткото.

“Затоа што немав доволно, а сега имам.” – одговори детето.

“Тато, сега имам 50 долари. Ќе можам ли да купам еден час од твоето време? Те молам, дојди си утре порано. Сакам да вечерам со тебе.”

Таткото беше скршен. Го гушна своето чедо и го молеше за прошка.

Previous articleПомеѓу животот и смртта
Next articleНовопечениот младоженец
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!