Таткото и изгубениот син

0
98
tatkoto-i-izgubeniot-sin

Еден ден некои разбојници грабнале неколку деца и го запалиле селото во кое живееле. Кога таткото од едно од тие деца се вратил од пат видел само пепел и јагленосани тела. Во едно од тие тела го препознал својот син. Целиот здробен од тага,плачејќи го запалил телото и пепелта ја ставил во една кеса. Секогаш си ја носел со себе. Меѓутоа еден ден, неговиот син им избегал на разбојниците и се вратил дома. Затропал на вратата. Таткото кој сеуште тагувал за својот син викнал: „Кој е таму?„.
„Татко, јас сум,твојот син. Отвори!’’
Таткото помислил дека некое неразбрано дете се шегува со него. Му рекол да си оди и продолжил да тагува. Детето упорно тропало на вратата, но татко му не му отворал. По некое време детето заминало. Таткото и синот никогаш повеќе не се виделе.

На крајот мудрецот додаде: „Ако мислиш дека нешто е вистина така, ако за тоа премногу се држиш, самата вистина кога ќе ти затропа на врата, нема да и отвориш.’’

Previous articleСтарецот и селото
Next articleИзбор на совршениот маж
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!