Убавината на жената

0
54
ubavinata na zenata

Едно момче ја прашало својата мајка : ” Зошто плачеш ?”
“Затоа што сум жена.” – му одговорила таа.
“Не разбирам.” – рекло момчето.
Мајката само го прегрнала и кажала: ” Никогаш и нема да разбереш.”
Подоцна го прашало својот татко: “Зошто мама плаче без причина ?”
“Сите жени плачат без причина” – било единственото што таткото можел да му каже.
Момчето пораснало, станало маж и сеуште се прашувало зошто жените плачат.
На крај го повикало Бог. Кога го добил, го прашал:
“Боже зошто жените толку лесно се расплакуваат?”
Бог му одговорил:
“Кога ја создавав жената мораше да биде посебна.
И дадов раменици, доволно јаки за да ја носат сета тежина на овој свет, а сепак доволно нежна да може да пружа утеха.
И дадов внатрешна сила, да го поднесе раѓањето и одбивањето кое често пати го добива од своите деца.
И дадов цврстина која и овозможува да оди напред кога сите ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство во период на болести и неволји без приговор.
И дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете многу ја повредило.
И дадов сила да го носи својот маж низ неговите грешки и ја сочинив од неговото ребро за да го штити неговото срце.
И дадов мудрост за да знае дека добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, ама дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него.
И најпосле, и дадов солзи за да се исплаче.
Тоа е само нејзино на користење кога и да и затреба.
Гледаш сине мој, убавината не е во облеката која ја носи, во нејзиното тело, или во начинот на кој се чешла.
Убавината на жената мора да се види во нејзините очи, бидејќи тоа е влезот во нејзиното срце – место каде што е љубовта.”

Previous articleПесот, леопардот и мајмунот
Next articleСтарецот и селото
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!