Жабата победник

0
59
zabata-pobednik

Си била една група на жаби кои сакале да се натпреваруваат. Сакале да се искачат на висока кула, па се насобрале доста гледачи да им дадат подршка…

Утакмицата започнала… арно ама… никој од присутните не верувал дека некоја жаба ќе се искаче на врвот од кулата. Цело време климале со главата и зборувале:
“Леле тоа е многу напорно, никогаш нема да успеат!”
или
“Ма нема да успеат кулата е многу висока!”
Жабите почнале да заостануваат…… освен една, која брзо лазела, се качувала се повисоко и повисоко… гледачите повторно почнале да викат:
“Тоа е многу напорно! Не е можно толку високо да се искаче!”

Една по една жабите се откажувале се завртувале и се враќале назад…освен една која упорно одела напред…и воопшто не сакала да се предаде!

На крај упорната жаба, со најголеми амбиции се искачила на врвот од кулата!
Останатите жаби како и гледачите сакале да дознаат како успеала баш таа да го стори тоа што другите не можеле да го направат – да се искачат на кулата.

Еден од гледачите се приближил до жабата за да ја праша како успеала да се искаче на врвот и што ја мотивирало за да успее.

Тогаш се дознало дека всушност жабата – победник е глува!!!

*******************************

НАРАВОУЧЕНИЕ:

Никогаш немој да ги слушаш оние луѓе кои се негативни и песимисти!!!

Затоа што ти ги уништуваат најубавите желби, мечтаења и соништа кои ги имаш во својата душа!!! Секогаш мисли на силината на зборот, затоа што се она што ќе го слушнеш или прочиташ влијае на твоите дела.

Затоа биди секогаш ОПТИМИСТ.

И уште нешто…биди едноставно “глув” на секој оној кој ќе ти рече дека не знаеш и не можеш да ги оствариш своите соништа!

ПОМИСЛИ: ВО СЕ МОЖЕ ДА СЕ УСПЕЕ – САМО АКО СТВАРНО СЕ САКА.

Previous articleТајната на успешниот брак
Next articleМашко-женски односи
Модерен дечко. Дечко на милениумот! Дигитален и колегијален! Диверзифициран, мултикултурен, пост-модерен деконструктивист. Политички, анатомски и еколошки неточен ... Сум бил link-уван и download-иран, сум бил инпут на аутсорсинг ... Јас сум хај-тек со краток живот! Иновативен со стејт оф д арт, би-крајбрежен мулти- таскер и можам да ви дадам гигабајт во нано-секунда!